БЛОГ
19 February, 2025
Сподели:
Всушност, клетките на човековото тело се уништуваат ако не е обезбеденo доволнo количeство на магнезиум. Без сомнеж, магнезиумот е многу важен за организмот, бидејќи влијае на активноста на повеќе од 300 ензимски системи, вклучувајќи го Кребсов циклус, синтеза на протеини, синтеза на нук-леински киселини…а, вклучен е и во речиси сите процеси во нашето тело. Важен е за поттикнување на невромускулната трансмисија, за минерализацијата на коските и за активноста на паратиреоидниот хормон. Учествува во создавањето на енергија, во процесот на коагулација и во пренесувањето на гликоза во клетките. Тој учествува и во активирање на ензимите кои се потребни за репликација и за репарација на ДНК.
Потребен е да ја претвори храната во енергија, за здрави заби и коски, за правилна работа на срцето, за заштита на крвните садови и делува превентивно против зголемен крвен притисок. Многу е важен за опуштање на мускулите и за добар сон и ги спречува тегобите како што се хроничен замор, главоболка и мигрена. Жените имаат голема корист ако редовно внесуваат магнезиум , бидејќи ги чува нивните коски од остеопороза. Многу жени тврдат дека по зголемување на нивото на магнезиум во организмот изгубиле и дел од тежината. Освен тоа, тие се чувствувале поенергично и помалку депресивно. Исто така и кај мажите магнезиумот делува подеднакво делотворно, особено кај проблеми со зголемена простата. Освен што со магнезиум може да помогне во превенција од инфекции и да се подобри општата здравствена состојба, тој поседува и чудесна способност за подмладување.
Магнезиумот е минерал кој е присутен речиси секаде во природата. Најчесто се наоѓа во комбинација со разни хемиски соединенија, особено со калциумот. Денес експертите се повеќе предупредуваат на фактот дека живот без магнезиум не би бил можен и дека тој е еден од најзначајните минерали.
Човекот, вообичаено, содржи околу 24 до 30 грама магнезиум. Околу 60 отсто од магнезиумот е содржан во коските, 35 отсто се наоѓа во скелетот и во срцевиот мускул, а остатокот е во црниот дроб, бубрезите и мозокот. Го има и во еритроцитите. Рамнотежата на магнезиум во телото ја воспоставуваат цревата и бубрезите. Магнезиумот се апсорбира во тенките црева и тоа дури до 50 отсто. Врз неговата апсорпција влијаат растителните влакна, маснотиите, оксалната киселина, калиумот, железото, фосфорот и манганот. Тие ја намалуваат неговата апсорпција, додека пак витамнот Д, ја зголемува.
Вобичаено се смета дека со храната дневно внесуваме околу 180 до 300 милигрми магнезиум. Но, се смета дека само една третина од него може да се ресорбира во организмот. На намаленото ниво на ресорпција делуваат фосфатите, протеините, мастите, алкохолот, стресот и користењето на многу лекови.
Конзумирањето на производи што се направени од бело брашно, како лебот, пецивата и тестенините, исто така ги трошат резервите на магнезиумот во телото. Одлични извори на магнезиум се: булгур, какао, црниот и белиот грав, ореви, бадеми, кикирики, банани, ленено семе, сусам, спанаќ, брокули, интегрален ориз, семки од тиква, пченка, сирење тофу… Недостатокот на магнезиум во организмот најдобро може да се надополни со земање на додатоци на исхраната што содржат магнезиум.
Многу од симптомите на недостаток на магнезиум се откриени во поново време. Поради недостаток на магнезиум се јавува слабост, грчеви во мускулите, нарушена е работата на срцето, раздразливост, главоболка. Поради недостаток може да се појави и згрутчување на крвта. Според најновите истражувања, недостатокот на магнезиум бил и една од причините за ангина пекторис и акутен инфаркт на миокардот, како и за зголемен оксидативен стрес.
Врати менајгоре
РЕСУРСИ
Збогатете се со повеќе информации за бенефитите од природата
Зимата доаѓа и со неа почнува сезоната на настинки и грип. Важно е да се...
Стрес е секоја промена во околината која бара од вашето тело да реагира како одговор...
Неколку корисни совети, направени на основа на најнови истражувања за кои стручњаците тврдат дека одредени...