БЛОГ
19 февруари, 2025
Сподели:
Потребни ви се многу витамини како, A, Ц, Д и Е како и миниралите селен и цинк и Омега 3 масни киселини за да се обезбеди поддршка за имуниот систем. Фокусирајте се на јадење на квалитетни животински протеини (ако не сте вегетаријанец) многу зеленчук, семиња како и многу свежо овошје. Суперхрани како полен од прополис, мака, микро алги може дополнително да помогнат.
Избегнувајте преработени меса, пржена храна, газирани пијалоци и преработени пецива кои најчесто содржат вештачки засладувачи и рафинирани шеќери.
Свежо овошје и зеленчки се најдобри извори на витамин Ц, кој помага во зајакнување на имуниот систем и го оддржуваат телото здраво. Одлични извори на витамин Ц се боровинките, малини, цитрус, киви како и темно зелени зеленчуци.
Водата помага во создавање на лимфа, која ги пренесува белите крвни зрнца и други клетки кои се дел од имуниот систем. Да се биде хидриран е една од најдобрите работи за вашето здравје. За дополнителен ефект додадете парче лимон кое содржи многу витамин Ц.
Познато е дека 80% од имуниот систем е лоциран во дигестивниот тракт. Здрав стомак е многу важно за здрав имунитет. Пробиотиците се добри бактерии кои може да се најдат во ферментирана храна како јогурт, кефир и микроалги или во форма на суплементи. Ако земате суплементи најдобро е да се користи бренд кој нуди висок квалитетна бактерија која е зачувана на идеална температура.
Хроничниот стрес и депресијата може да го ослабат имунитетот и да не направат ранливи на болести. Важно е да се одвои време за одмор и за уживање после напорната секојдневна работа и стрес.
Врати менајгоре
РЕСУРСИ
Збогатете се со повеќе информации за бенефитите од природата
Зимата доаѓа и со неа почнува сезоната на настинки и грип. Важно е да се...
Стрес е секоја промена во околината која бара од вашето тело да реагира како одговор...
Неколку корисни совети, направени на основа на најнови истражувања за кои стручњаците тврдат дека одредени...