Picture 3

Денес ви нудиме неколку корисни совети, направени на основа на најнови истражувања за кои стручњаците тврдат дека одредени животни навики можат да ја зголемат енергијата и да овозможат да бидеме поздрави, повитални, посреќни.

Зголемете го количеството на калиум

Најновите препораки на кардиолозите се да се намали внесот на натриум во организмот, а за сметка на тоа, да се зголеми количеството на калиуим. Тоа е така, бидејќи, како што велат тие, калиумот го ублажува хипертензивното дејство. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат прекумерни количества натриум, а недоволно калиум, се изложени на поголем ризик од срцев удар. Исто така, докажано е дека зголемувањето на дневното количество на калиум за 1600 милиграми, го намалува ризикот од мозочен удар дури за 21 отсто. Според новите научни сознанија, препорачано количество на калиум на ден, е 4700 милиграми. Извори на овој минерал се какао, суви кајсии, риба, суви сливи, спанаќ, јогурт, компир.

Станете и бројте до 60

Искуството покажало дека ниту интензивниот тренинг после работа не вреди многу, ако поголемиот дел од денот го поминувате во седечка положба. Од друга страна пак, луѓето кои често прават пауза на работа и стануваат од столицата, имаат повитка линија и пониско ниво на холестерол во крвта, подобро реагираат на инсулин од оние кои седат со часови, без разлика со каква физичка активноста се бават потоа. Освен тоа, експертите велат дека честото станување и кратката прошетка во просторијата може да ве заштити од рак, посебно оној вид кој го напаѓа дебелото црево. За почеток, доволно е да стоите додека разговарате по телефон. Стоењето нека не трае пократко од времето потребно за да изброите до 60. Исто така, работните состаноци може да се одржат на нозе. Смислете што повеќе поводи за да станете од работната столица и да направите неколку чекори.

Наутро консумирајте храна со протеини

Протеините го уверуваат мозокот и желудникот дека се оптимално задоволени. Од друга страна, ако го пропуштите појадокот, гладта ќе ве одведе до масна и нездрава храна. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои дневно внесуваат помалку од 15 отсто протеини од вкупните калории, после појадокот, многумина чувствуваат глад, за разлика од луѓето кои консумираат храна со повеќе протеини. Се разбира, внесот на повеќе калории подразбира и вишок килограми. Поради тоа, експертите препорачуваат протеините да се внесуваат наутро, а никако навечер. Консумирајте високопротеински појадок како тврдо варени јајца, јогурт, бадеми, или семки. Овие производи се добри извори на протеини и на корисни масни киселини.

Рани оброци, рано во кревет

Еве еден добар аргумент за рано да си легнувате. Ноќните птици најчесто се дебели, и тоа луѓето кои најчесто легнуваат после полноќ. Истражувањата покажуваат дека оние луѓе кои доцна во ноќта остануваат будни и подоцна заспиваат, јадат повеќе брза храна и консумираат повеќе калории навечер. Утврдено е дека колку повеќе калории се внесуваат навечер, со тоа расте и боди мас индексот (БМИ). Една од најлесните работи кои човек може да ги направи за себе е секој ден да легнува и да станува во исто време. Организирајте ја и исхраната, така ќе се потрудите да јадете оброци секогаш во исто време, секој ден. Избегнувајте да консумирате храна навечер и немојте да го преспивате појадокот.

Picture 4

За да се чуствувате подобро замислете нешто полошо

За промена, немојте да ги собирате сите добри работи во својот живот, почнете и нешто да одземате. Неколку минути поминете во свесно размислување каков би бил вашиот живот без луѓето и работите кои ги сакате. Потоа, ќе почуствувате посилна љубов, благодарност и среќа поради добрите работи, а саканите луѓе ќе ви бидат посебни.

Разладете се за добар сон

Експертите се сложуваат дека падот на телесната температура е еден од условите да потонете во квалитетен сон. Затоа, температурата во спалната соба не смее да биде поголема од 18 степени целзиусови. Исто така, истуширајте се со млака вода, половина час до час пред да си легнете. Разладете го телото!

Фокусирајте се помалку на децата, а повеќе на брачниот партнер

Сигурно поминувате квалитетно време со вашите деца, затоа посвете внимание и на вашиот брачен партнер, како и на други возрасни луѓе. Бракот во кој владее љубовта мора постојано да се освежува со нови приказни, искуства и спомени. Понекогаш откажете го семејниот излет и времето поминете го насамо со партнерот.

Забрзајте го метаболизмот

Чили пиперчињата се многу повеќе од состојка во храната. Активната состојка во нив, капсицин, го стимулира метаболизмот еден час по оброкот. Консумирањето на зачинета храна помага брзо да се заситите, да не се прејадете, а и пиперките се богати со витамин Ц.

Применете го правилото “20 секунди“

Која е разликата помеѓу поставување и остварување на целта? Психолозите тврдат дека таа се состои во само 20 секунди. Зошто? Кога би можеле да ги надминеме овие 20 секунди потребни за да започенеме некоја задача, би биле повеќе истрајни и да ја завршиме задачата. На пример, ако сакате наутро да вежбате, претходната ноќ оставете ги патиките и тренерките покрај креветот. Смислете начин да се мотивирате, да го забрзате и да си го олесните остварувањето на некоја цел на овој начин.

Наши партнери